Серија А

Лацио се подалеку од Скудетото, во фрустрација почнаа да ги гризаат противниците (ВИДЕО)

Лацио губи здив во трката со Јувентус за Скудетото, вечерва „бјанкочелестите" загубија на гостувањето кај Лече со 2-1.

Лацио беше без право на кикс по поразот од Милан, избраниците на Инзаги имаа добра прилика да се вратат на победнички патеки, вечерва гостуваа кај Лече, тим кој има шест порази во низа.

Мечот почна возбудливо, домаќините постигнаа гол по само 120 секунди, но ВАР го поништи поради играње со рака. Веќе во следниот напад, Лацио поведе со 0-1. Голманот на Лече лошо исфрли, па гостите од втора преку Каиседо ја затресоа мрежата.

Сепак, по половина час игра Лече стигна до изедначување. Бабакар доби перфектна топка и со глава реализираше за 1-1. Пред крајот на првиот дел, домаќините добија шанса за комплетен пресврт, судијата покажа на белата точка, но Манкосу се посрамоти и го прерфли голот.

Лече сепак успеа да дојде во водство по само 100 секунди во вториот дел, Лучони скокна највиско по еден корнер и донесе 2-1. Лацио се обиде да се врати во игра, гостите креираа неколку добри прилики, но никако не успеваа по втор пат да го матираат Габриел.

Нервозата си го направи своето во финишот, Лацио остана и со играч помалку Патрик гризна еден противнички играч па предвреме беше пратен на ладење.

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе