Урнаа долга негативна традиција

Лацио прв пат по 30 години го победи Милан на Сан Сиро (ВИДЕО)

Лацио ја искористи очајната форма на Милан за да урне една негативна традиција, за прв пат по 30 години ги победија росонерите на нивниот терен во Серија А откако денеска славеа со 2-1. 

Милан уште еднаш ги разочара своите фанови откако покажа немоќ и против Лацио и заслужено го загуби мечот.
 
Раководството неодамна го назначи Пиоли иако тој важи само за еден обичен просечен тренер во Серија А. Навивачите го сугерираа тоа, бараа тренер каков што му доликува на Милан, но челниците мислеа дека ќе променат нешто со ангажман на овој стратег. Очајот на Милан продолжи.
 
Лацио денеска поведе уште во 25. минута со убав гол на Имобиле со глава, само три минути подоцна Бастос си постигна автогол за изедначување на 1-1.
 
Во 83. минута Кореа постигна гол за ново водство на Лацио кое овој пат значеше и победа.
 
Победа на Лацио прв пат по 30 години на Сан Сиро.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе