Серија А

Лацио негостољубив домаќин за Пандев и Џенова, Несторовски одигра 90 минути во победата на Удинезе (ВИДЕО)

Лацио убедливо ја совлада Џенва на нашиот Горан Пандев и славеше со 4-0, Илија Несторовски и Удинезе со 1-0 триумфираа над Болоња, Рома со три бода си замина од Лече.

Горан Пандев нема по многу добро да го памети денешното враќање во Рим, Македонецот и неговата Џенова беа надиграни од Лацио и загубија со убедливи 4-0.

Домќините поведоа со голот на Милинковиќ Савиќ во 7. минута, а пред крајот на првиот дел, Раду погоди за 2-0. Горан Пандев во игра влезе на стартот од вториот дел, но ниту тој не можеше многу да помогне.

По еден час игра веќе беше 3-0 со голот на Каиседо, а Имобиле во 78. минута ги постави конечните 4-0.

Илија Несторовски одигра 90 минути во победата на Удинезе од 1-0 над Болоња,. Тој можеби не се запиша во листата на стрелците, но одработи одлично во форот, ја задржуваше топката и изнуди неколку прекршоци во опасната зона.

Рома не дозволи нов кикс и со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Лече со голот на Един Џеко по десетина минути игра во второто полувреме.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе