Серија А

Лацио го доби големото римско дерби, пораз за Рома (ВИДЕО)

Лацио со 3-2 ја победи Рома во големото дерби на Рим, Маурицио Сари го доби дуелот со Жозе Мурињо во натпревар каков што само може да се посака. 

Лацио имаше фантастичен старт на мечот, Рома изгледаше како изгубена на почетокот.
 
Милинковиќ Савиќ во 10. минута погоди за 1-0, а девет минути подоцна Педро го зголеми водството на Лацио на 2-0.
 
Како одминуваше мечот Рома се враќаше, следуваа шанси за римската волчица, а Заниоло ја погоди и стативата.
 
Конечно во 41. минута гол и за Рома, Ибанез погоди со глава по еден центаршут од корнер на Верету и го врати тимот на Мурињо во игра.
 
На почетокот од вториот дел Лукас Леива можеби требаше да биде исклучен откако со лакт во глава удри фудбалер на Рома. Но судијата не му даде втор жолт картон, Мурињо беше бесен на одлуката затоа што токму за ваков старт остана без Пелегрини за ова дерби.
 
Во 63. минута Лацио по една контра постигна нов гол, Андерсон зголеми на 3-1.
 
Рома брзо се врати на еден негатива, Верету во 69. погоди за 3-2.
 
До крајот на мечот Рома напаѓаше, најдобрата шанса ја имаше Заниоло, но Реина го одбрани неговиот удар.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе