Елиминацијата од ЛШ може да има големи последици

„Ла република“ најави развод помеѓу Роналдо и Јувентус, ЦР7 си оди во 2020?!

Весникот „Ла република" најави разводпомеѓу Кристијано Роналдо и Јувентус, ЦР7 нема во целост да го одработи договорот и може да замине по крајот на слендата сезона.

Елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите може да има големи последици врз Јувентус. Акциите на клубот имаа драстичен пад вчера, а цената продолжи да се намалува и денеска иако не со толку високо темпо. Медиумите од Италија исто така пресметаа дека Јувентус останал покус за 13 милиони евра, како и уште неколку десетици милиони евра во потенцијални приходи.

Според „Ла Република“ поразот може да влијае и врз иднината на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Весникот пишува дека ЦР7 е разочаран од случувањата и веќе размислува за крај на својата авантура во Торино. Разводот нема да се случи летоска, но големи се шансите тој да каже збогум во 2020.

И „Газета дело Спорт“ пишува за горчината која ја почуствувал Роналдо по елиминацијата, манифестирана преку молк. Тој не разговараше со медиумите, а не е активен ниту на социјалните мрежи.

Розевиот весник исто така додава дека Португалецот побарал од лидерите на клубот да донесат соодветни засилувања за да се подигне нивото и следната сезона да се направи нов атак на титулата во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо пристигна во Торино минатото лето за рекордни 112 милиони евра и најголемата зделка во историјата на Калчото. Тој стави потпис на договор со Јувентус до 2022.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе