Парите повторно замешаа прсти

Ла Лига излезе со нов предлог, Барса и Реал да играат на 7. декември

Финансиите повторно го диктираат распоредот, Ла Лига предлага Барселона и Реал Мадрид да се сретнат на 7. декември, овој датум ќе донесе поголема гледаност а со тоа и повеќе пари за сите инволвирани.

Парите ја одредија саатницата за првото „Ел класико“ оваа сезона, натпреварот требаше да почне во 13 часот, за да го гледаат што е можно повеќе луѓе но и да биде во прајм-тајм на Далечниот исток,

Плановите сепак се променија откако Каталонија се крена на нозе и на 26. октомври е закажан голем протест. Поради безбедносни причини, Ла Лига предложи мечто да се игра во Мадрид наместо на Камп Ноу.

Ваквото барање беше одбиено, но натпреварот ќе се одложи и како нов датум беа посочени две опции, 4 и 18. декември. Вечерва се појавија неколку извештаи кои велеа дека комитетот за натпреварување при Фудбалската федерација на Шпанија ја одбрал втората опција, односно 18. декември.

Но брзо потоа се појавија написи дека Ла Лига бара компромис и предлага мечот да се игра на 7. декември. За да се случи ова, треба да има дополнителни претумбации, односно дуелите Барселона-Мајорка и Реал-Еспањол да се играат на 4. декември.

Ваквиот нов предлог на Ла Лига е мотвиран од парите. Челниците сметаат дека ќе има далеку поголем ќар доколку дербито се игра за викенд а не во работен ден. Тие исто така посочуваат дека телевизиските куќи и спонзорите бараат настанот да биде емитуван во што е можно повеќе земји и да има што е можно поголема гледаност, па сабота е далеку поударен термин отколку среда.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе