Нема да има нов „случај Заморано“

Квадрадо испрати порака до Роналдо за дресот со број 7: Радоста е поголема кога даваш отколку кога добиваш (ФОТО)

Ако воопшто имаше дилеми за тоа кој број ќе го добие Кристијано Роналдо во Јувентус, Хуан Квадрадо се огласи на социјалните мрежи за да открие дека ќе му ја отстапува „7-та"

Откако во вторникот пристигна официјална потврда за историскиот трансфер, фановите на Јувентус побрзаа да купат дрес од Португалецот. Иако Кристијано се уште не е официјално промовиран и не беше соопштено која бројка ќе ја добие, изминативе денови се бараше дрес повеќе со бројот 7 и презимето на Роналдо. 

ЦР7 е глобален бренд па веројатно никој не очекува тој да добие друг број. Сепак, за да се расчистат сите дилеми, Хуан Квадрадо се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека му ја отстапува „7-та“ на Кристијано Роналдо. 

„Радоста е многу поголема кога даваш отколку кога добиваш. Биди благословен пријатели, ти посакувам мнoгу среќа во авантурата“ - гласеше неговиот пост на Твитер.

Дали Јуан Квадрадо доброволно се откажа од бројот 7 или пак добил наредба никогаш нема да дознаеме. Иако сосема природно е „7-та“ да му припадне на Португалецот, има и посебни случаеви. Кога Кристијано Роналдо пристигна во Реал Мадрид, иконата Раул не се откажа од дресот со бројот 7 па една сезона тој беше ЦР9. Истото му се случи и на „Феноменот“ Роналдо кога тој пристигна во Интер. Дресот со бројот 9 го носеше Заморано, па една година Бразилецот ја користеше „10-та“. Потоа Чилеанецот се одлучи за 18 или поточно 1+8, и му ја остави „9-та“ на Роналдо.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе