Премиерлига

Кутињо влезе, погоди и му откина два бода на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Астон Вила се врати од два гола негатива против Манчестер јунајтед, Филпе Кутињо влезе во игра и помогна домаќините да се изборат за бод против фаворитот.

Манчестер јунајтед повторно киксна во трката за топ четири пласман, избраниците на Рангник вечерва имаа предност од 0-2 на гостувањето кај Астон Вила, но на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Резултатот беше отворен во 6. минута, Бруно Фернандеш биеше од работ на шеснаесетникот, Мартинез реагираше неспретно, и топката низ неговите нозе заврши во мрежата за водствот на гостите од 0-1.

Португалецот зголеми на 0-2, во 67. минута, кога по една контра, неодбранливо биеше под пречката.

Но потоа во игра влезе Филипе Кутињо, и Бразилецот учествуваше во акцијата по која Ремзи во 77. минута погоди за 1-2 и стана вториот најмлад стрелец за Астон Вила против Манчестер јунајтед.

Пет минути подоцна, Ремзи испрати топка во петерецот а Кутињо рутински реализираше за 2-2 и огромно славје на домаќините.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе