Бундеслига

Кутињо потсети зошто Барса плати 120 милиони, Левандовски со убав гест му го разубави денот (ВИДЕО)

Филипе Кутињо потсети на формата од Ливерпул и зошто Барса плати за него 120 милиони евра, Бразилецот блескаше во победата од 4-0 против Келн и постигна гол благодарејќи на убавиот гест на Левандоски, кој му остави да шутне од белата точка.

Плејмејкерот со одличните настапи во Ливерпул си обезбеди богат трансфер на Камп Ноу од 120+40 милиони евра, но не се снајде најдобро во Барселона, па „каталонците“ летово го испратија на позајмица во Баерн Минхен. 

Филипе Кутињо полека влегува во ритам на Алинац Арена и против Келн заличи на фудбалер од 120 милиони. Бразилецот имаше очи на грбот и магично го проигра Кимих во 3. минута и ја отвори акцијата по која падна голот за 1-0. 

Тој имаше уште неколку добри потези, ја погоди пречката од слободен удар а по еден час игра изнуди и пенал по еден соло пробив. Денот дополнително му го разубави Роберт Левандовски, кој го остави да ја изведе најстрогата казна. 

Полјакот можеше да постигне хет-трик и да собори рекорд со 10 погодока во воведните пет кола, но реши да му препушти на својот соиграч да стигне до деби гол во дресот на Баерн Минхен.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе