Најскапото засилување во историјата на Барса на излезна врата

Кутињо на блиските пријатели им кажал дека заминува од Барса, има понуди од три клуба

Филипе Кутињо на блиските пријатели им кажал дека сериозно размслува за промена на средината, Бразилецот има понуди од Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ.

Плејмејкерот во јануари 2018 стана рекордно засилување на „каталонците“ но не ги оправда очекувањата и изминатиов период често се говореше дека ќе си замине од Камп Ноу.

Според Мундо Депортиво, Филипе Кутињо на најблиските пријатели им се доворел дека сериозно размислува за промена на средината.

Весникот вели дека Бразилецот е мета на три клуба и има понуди од Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ. Барселона е подготвена да седне на маса но за да го продаде играчот ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Доколку го продадат Филипе Кутињо летоска, „каталонците“ ќе заштедат 25 милиони евра од бонусите што треба да му ги исплатат на Ливерпул, а ќе тргнат и голема сума од сметката за плати со оглед на тоа дека дека Бразилецот е еден од фудбалерите кои заработуваат најмногу.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе