Арсенал

Кутињо и Вилијан пристигнуваат во Арсенал? Артета прави сериозен тим

Според „Тајмс“, Микел Артета посакува да внесе искуство во Арсенал и да донесе фудбалери кои освојувале трофеи, пред потпис со Арсенал се Влијан од Челси и Кутињо од Барселона. 

Вилијан е слободен фудбалер и се верува дека нема да го продолжи договорот со Челси но нема и да го смени местото на живеење, ќе остане во Лондон. Негов нов тим треба да биде Арсенал.
 
Стигнуваат информации дека Артета го сака и Филипе Кутињо во кој гледа клучна улога во неговиот систем 4-3-3.
 
Се верува дека Барселона му го понудила Кутињо на Арсенал за само 10 милиони евра плус Матео Гендузи кој и онака е отпишан од тефтерот на Артета.
 
Проблем е само платата на Кутињо кој во Барселона заработува повеќе отколку што Арсенал може да му понуди.
 
Сепак се верува дека двете страни можат да најдат заеднички јазик и зделката да биде договорена.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе