Ла Лига

Куртоа дојде во напад, Реал погоди во 95. минута и се спаси од пораз (ВИДЕО)

Реал Мадрид во последниот напад на мечот избегна пораз на гостувањето на Местаља, Тибо Куртоа дојде во напад и направи мешаница по која Карим Бензема обезбеди бод за гостите.

Нема промени на врвот на табелата во Ла Лига откако во последниот натпревар од 17. коло, Валенсија и Реал Мадрид одиграа 1-1.

Дербито на Местаља донесе драматична завршница. Домаќините поведоа со голот на Солер во 78. минута, но „кралевите“ изедначија во 95. минута.

Во последниот напад на мечот, дури и Тибо Куртоа истрча во противничкиот шеснаесетник и ваквиот потег се покажа како клучен. Белгиецот скокна највиско и биеше со глава, неговиот удар беше одбранет, но настана мешаница и Бензема ја смести топката во мрежата за реми.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе