Добри вести пред првиот меч на мундијалот

Купер ги израдува Египјаните: Речиси 100% сум сигурен дека Салах ќе игра против Уругвај

Предводникот на Египет, Ектор Купер на денешата прес конференција соопшти дека Мохамед Салах ќе биде подготвен за воведниот натпревар на СП 2018

Цел Египет изминатиов период беше во исчекување на вестите за процесот на опоравување на Мохамед Салах, кој заработи повреда на десното рамо во финалето од Лигата на шампионите.

Фудбалерот на Ливерпул беше неизвесен за стартот на мундијалот, но денеска Ектор Купер соопшти добри вести. Селекторот на Египет откри дека Мохамед Салах ќе биде стартер против Уругвај.

„Салах се чувствува навистина добро, се опоравува многу брзо. Речиси со 100% сигурност можем да кажам дека ќе игра, секако доколку не се случи нешто непредвидено во последен момент” – рече Купер на денешната прес конференција.

„Докторите му даваат опција да игра или да не игра. Го познавам Салах многу добро и тој не се плаши. Сепак, сите сме свесен дека секогаш има одреден ризик”.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе