Барселона

Куман стана прв фаворит за нов тренер на Барселона

Според шпанските медиуми, Роналд Куман е најблиску до тренерското место иако претходно се шпекулираше дека Маурисио Покетино може да биде наследникот на Кике Сетиен. 

По дебаклот во Лигата на шампионите, поразот од Баерн Минхен со 8-2, ќе се случат големи промени во Барселона. Најсигурна е тренерската смена.
 
Маурисио Покетино се посочуваше како фаворит за тренерското место во Барса, но сега работите се менуваат. Шпанските медиуми тврдат дека Роналд Куман е најблиску до функцијата.
 
Куман е поранешен играч на Барселона кој го постигна голот кој на Каталонците им го донесе првиот трофеј во Европскиот куп.
 
Тој никогаш не криел дека сака да биде тренер на Барселона. Проблем во моментов е што Куман е селектор на Холандија и има договор со националната федерација.
 
Пред да може да прифати да биде тренер на Барселона, тој мора да најде договор со Холандската фудбалска федерација за раскинување на соработката.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе