Барселона ја губи битката за титулата во Примера

Куман по киксот против Леванте: Се чудиме што се случи во второто полувреме

Барселона синоќа ги разочара своите фанови откако одигра само 3-3 на гостувањето кај Леванте и го загуби чекорот кон титулата во Примера.

Леванте беше во лоша форма пред мечот со Барселона, но каталонците не го искористија тоа, одиграа само реми и загубија два бода.

Барса одлично го отвори мечот, првото полувреме го одигра на високо ниво и имаше водство од 2-0, но во вториот дел се случи неочекуван пад, три примени гола од Леванте и наведнати глави по последниот судиски свиреж.

„Бевме добри во првото полувреме, со добар ритам и интензитет, дојдовме до водство“, вели Куман по мечот.

„Но во второто полувреме престанавме да бидеме опасни, го намаливме нашиот интензитет. Направивме многу грешки во дефанзивата. На 2-2 реагиравме и постигнавме гол, но потоа беше лесно за нив да дадат уште еден гол. Да примите три гола за 45 минути не е ниво на Барселона“.

„Разочарани сме и се чудиме што се случи во второто полувреме. Треба да продолжиме  да се подготвуваме за следната сезона“.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе