Стратегот има клаузула со која може да ја напушти Холандија за Камп Ноу

Куман не ги крие амбициите: Би можел да станам тренер на Барселона!

Роналд Куман ги прокоментира се почестите гласини за превземање на кормилото на Барселона, Холанѓанецот вели дека може да стане тренер на „каталонците" но само по крајот на Европското првенство во 2020.

Селекторот на Холандија неодамна призна дека во неговиот договор има клаузула според која може да ја прекини соработката со „лалињата“ доколку добие понуда од Барселона, па често неговото име се споменува како наследник на Ернесто Валверде.

Роналд Куман сега ги прокоментира ваквите гласини, призна дека би можел да го превзеде кормилото на „каталонците“, но само по крајот на ЕП во 2020.

„Тренерското столче на Камп Ноу е опција, би можел да станам тренер на Барселона, но на оваа тема нема да размислувам се до финишот на Европското првенство“ – вели Холанѓанецот.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе