Барселона

Куман е сè поблиску до отказ, на Барселона не ѝ оди

Барселона синоќа се претстави во уште едно бледо издание, одигра само 0-0 на гостувањето кај Кадиз, притисокот над Куман се зголемува до степен што некои тврдат дека Холанѓанецот нема да го дочека следниот натпревар.

Барселона нема победа на последните три официјални натпревари, се редат негативните резултати, а играта не влева надеж дека доаѓаат подобри денови.

Шпанските медиуми постојано пишуваат за иднината на Роналд Куман, неговото столче сериозно се тресе и се очекува наскоро да добие отказ.

Синоќа, во последните моменти од натпреварот, судијата му покажа црвен картон на Куман поради една негова жестока реакција. Прашањето е дали така, со црвен картон ќе заврши неговата тренерска кариера во Барселона.

На потег е претседателот на клубот, Жоан Лапорта кој треба да пресече. Има неколку кандидати за наследник на Куман, а како најсериозен се издвојува Чави.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе