Холанѓанецот влезе во војна со раководството

Куман добил поддршка од капитените на Барса но и предупредување

Според пишувањата на АС, капитените на Барселона му дале поддршка на Роналд Куман, но го предупредиле стратегот дека одбрал опасна патека.

Роналд Куман денеска се појави на прес конференција, но наместо да одговара на новинарски прашања, тренерот на Барселона само прочита кратко соопштение, стана и си замина.

Според пишувањата на АС, Холанѓанецот ги известил четворицата капитени за својата намера, како и за содржината на соопштението и побарал нивно мислење.

Капитените му дале поддршка, но го предупредиле дека одбрал опасна патека и нема враќање назад.

АС додава дека Куман бил многу лут и одбил да се повлече од намерата. Тој е разочаран од однесувањето на бордот, смета дека од раководството до медиумите протекуваат имиња за нови тренери, а при разговорите лице во лице, сите му велат дека се е под контрола.

Сега останува да се види каква ќе биде реакцијата на Жоан Лапорта, не се исклучува можноста Роналд Куман веднаш да добие отказ и да не ја предводи Барса против Кадиз.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе