Холанѓанецот е тажен и разочаран

Куман добил отказ во авионот, на Барса нема да ѝ прости ниту едно евро

Роналд Куман бил тажен и разочаран откако отказ добил во авионот на летот од Мадрид кон Барселона, Холанѓанецот исто така нема намера да се откаже од дел од компензацијата и ќе ги бара сите 12 милиони евра.

Подолго време се пишуваше дека Роналд Куман ќе добие отказ, неговата иднина со месеци висеше во воздух а Жоан Лапорта конечно повлече потег по поразот од Рајо во средата.

По крајот на натпреварот, претседателот на Барса разговарал со своите соработници и во авионот, на летот од Мадрид кон Барселона, го известил Роналд Куман дека ќе прекине соработката.

Весникот Спорт пренесува дека Холанѓанецот бил тажен и разочаран, сметал дека Жоан Лапорта требал да покаже подобри манири и вестите да ги соопшти утрото, за тој да може да се поздрави со сите играчи и вработените во тренинг центарот.

Новинарот Луис Канут, кој е добар пријател на Роналд Куман, открива дека од стратегот било побарано да се откаже од дел од компензацијата која му следува. Но поради сето она што се случуваше изминатиов период, и третманот на клубот кон него, Холанѓанеот нема намера да се откаже од ниту едно евро и ќе ги бара сите 12 милиони.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе