Нема да направи предавство како Игуаин

Кулибали ги израдува навивачите на Наполи: Никогаш нема да се преселам во Јувентус

Јувентус сака да го ангажира Калиду Кулибали, но како што пренесува Ил Матино, дефанзивецот на пријателите и соиграчите им открил дека никогаш нема да го облече „бело-црниот" дрес на клубот од Торино.

Калиду Кулибила има само уште една година од договорот, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па се очекува дефанзивецот ова лето да го напушти Наполи.

Интерес за неговите услуги пројавуваат неколку клубови, а во последно време се говори дека Јувентус ќе тргне во офанзива по неговиот потпис.

Сепак, како што пренесува Ил Матино, Калиду Кулибали нема да направи предавство како Гонзало Игуаин.

Весникот пишува дека Сенегалецот на блиските пријатели и соиграчите им кажал: „Никогаш нема да се преселам во Јувентус“.

Ривалството помеѓу двата клуба е огромно, па навивачите на Наполи сигурно ќе бидат задоволни што нивната ѕвезда нема да го облече „бело-црниот“ дрес на клубот од Торино.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе