Ги загубил нервите

Кулибали до навивачите на Фиорентина: Ако сте мажи, дојдете и во лице кажете ми дека сум мајмун!

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали ги загубил нервите откако бил мета на расистички навреди во Фиренца, од таборот на Фиорентина веднаш му се извинија, како и на Замбо Ангиса и Виктор Осимен.

Наполи со пресврт стигна до победа  од 1-2 на гостувањето во Фиренца и го задржа перфектниот учинок во Серија А. Дел од домашните навивачи биле разочарани што нивните миленици загубиле, па дел од фрустрациите по крајот на натпреварот ги искажале со расистички навреди кон Калиду Кулибали, Замбо Ангиса и Виктор Осимен.

И додека последниве двајца одговориле на провокациите со насмевка, дефанзивецот ги загбил нервите. Како што пренесуваат медиумите од Италија, Калиду Кулибали упатил порака до мала група фанови на трибините, „Ако сте мажи, дојдете и во лице кажете ми дека сум мајмун!“.

Сите тројца фудбалери се огласија на социјалните мрежи да изразот негодување поради расистичките навреди. Од таборот на Фиорентина веднаш им се извинија на Кулибали, Ангиса и Осимен, а извинување испрати и градоначалникот на Фиренца.

Фудбалската федерација на Италија исто така отвори предмет, а и полицијата ќе спроведе истрага.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе