Кукоч: Коби Брајант беше класична копија на Мајкл Џордан

Хрватската кошаркарска легенда, Тони Кукоч смета дека Коби Брајант е копија на Мајкл Џордан за кој има само големи зборови. 

Тони Кукоч беше дел од славната генерација на Чикаго Булс која владееше во НБА. Хрватот ја имаше честа да игра со Мајкл Џордан и е фасциниран од него. За Коби вели дека е голем победник исто како и Џордан, но е негова копија.
 
„Коби Брајант беше класична копија на Мајл Џордан, и тоа на некој начин го трга малку на страна. Играа на иста позиција, физички беа многу слични, а факт е дека Коби баш го копираше Џордан, а со тоа ја доби и неговата психа. Наскоро излегува докоментарниот филм за Џордан и во тие десет епизоди луѓето ќе можат да видат колку сличности имаше меѓу нив двајца“, вели Кукоч во интервју за хрватските медиуми.
 
„Двајцата беа спремни да умрат за победа и многу напорно работеа и вложија невидено многу труд да бидат најдобри. За мене Мајл Џордан е чудо на природата, тој понекогаш спиеше само три часа, а потоа на теренот доминираше со невидена енергија“.
 
„На еден меч Џордан излезе на теренот и покрај тоа што имаше висока температура и симтпоми на грип и го водеше тимот до победа. Денес играчите во таква состојба не би се ни соблекле за натпревари. Додуша не би ни дошле во салата. Тој меч е пример како Џордан себеси се доведуваше до физички и ментални граници во кои 99 проценти од луѓето би помислиле дека ќе умре. А тој имаше психа да го помине тој праг на издржливост“. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе