Квалификации за СП 2022

Кудрјашов нека не се враќа во Русија, со автогол ја однесе Хрватска на Светско првенство (ВИДЕО)

Хрватска се пласираше на мундијалот во Катар откако вечерва со 1-0 ја совлада Русија во директен дуел, трагичар на гостите е Кудрјашов кој во 81. минута ја затресе сопствената мрежа.

Русија пристигна на „Пољуд“ со два бода предност на врвот на табелата, реши со дефанзивен пристап да го зачуваат првото место на табелата и ваквата игра на крајот им се удри од глава.

Во 81. минута, Кудрјашов си постигна несмасен автогол, реагираше неспредно на подалечната статива и го совлада својот голман.

Избраниците на Карпин не успеаја да се врати по овој шок, па Хрватска обезбеди директен пласман на Светското првенство а Русија својата шанса ќе ја бара преку баражот.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе