Српскиот стратег, Крстајиќ носи позитивни резултати на бугарската селекција која првпат по четири години славеше на гостински терен, и тоа токму против Македонија.
Со победата во Скопје, Бугарија ја помина Македонија на табелата и го освои второто место во групата.
„Ова беше добар меч и после четири години Бугарија победи на гости. За нас најбитно беше да останеме во Лига Ц, знаев дека можеме да ја пренесеме енергијата од мечот со Гибралтар и заслужено победивме. Секако и таа победа прва после четири години е нешто, а не беше лесно да играте со млад тим пред вакви 20 илјади навивачи. Ние дојдовме да победиме, не беше лесно за овие млади играчи да го издржат тој притисок“, изјави Крстајиќ по мечот.