Лига на нации

Крстајиќ: Не беше лесно да се победи под притисок од 20.000 гледачи

Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ е задоволен што неговите фудбалери си одат со три бода од Македонија, вели дека на младите играчи не им било лесно да играат под големиот притисок од трибините. 

Српскиот стратег, Крстајиќ носи позитивни резултати на бугарската селекција која првпат по четири години славеше на гостински терен, и тоа токму против Македонија.
 
Со победата во Скопје, Бугарија ја помина Македонија на табелата и го освои второто место во групата.
 
„Ова беше добар меч и после четири години Бугарија победи на гости. За нас најбитно беше да останеме во Лига Ц, знаев дека можеме да ја пренесеме енергијата од мечот со Гибралтар и заслужено победивме. Секако и таа победа прва после четири години е нешто, а не беше лесно да играте со млад тим пред вакви 20 илјади навивачи. Ние дојдовме да победиме, не беше лесно за овие млади играчи да го издржат тој притисок“, изјави Крстајиќ по мечот.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе