Германецот беше расположен за шега по потпишувањето на новиот договор

Крос: Имам убав договор со Реал Мадрид, но не можам да го купам Погба!

Наспроти очекувањата за негово заминување, Тони Крос денеска потпиша нов договор со Реал Мадрид, а на прес конференцијата по тој повод беше расположен и за шега. 

Тони Крос иако имаше лоша сезона, доби нов договор од Реал Мадрид. Се шпекулираше дека е пред заминување, но денеска стави потпис на документ според кој ќе биде кралски фудбалер до 2023 година.
 
На прес конференцијата Крос беше запрашан дали Мбапе би можел да дојде во Реал Мадрид.
 
„Ми се допаѓа како играч, но ова не е прашање за мене, јас имам убав договор, но не можам да го купам Мбапе“, на шега одговори Крос.
 
Се шпекулира дека Погба е една од ѕвездите кои треба да дојдат во Реал Мадрид, а тој би му бил и директна конкуренција за стартниот тим на Крос.
 
„Ми се допаѓа и Погба, но и тоа не менува ништо, ќе се борам за мојата позиција и ако играм на моето ниво, тогаш мислам дека нема да имам проблеми“.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе