Примера

Кризата е минато за Барселона, со четири гола ја потопи Севиља (ВИДЕО)

Во возбудлив натпревар Барселона со убедливи 4-0 ја победи Севиља која не заслужи да доживее толку висок пораз. 

Натпреварот почна исклучително возбудливо, а за тоа беше заслужна Севиља која за помалку од 20 минути успеа да промаши три идеални шанси, потоа следуваше уште една пропуштена прилика за гостите од Лук Де Јонг, па Барса наплати со камата.
 
Барселона за осум минути постигна три гола и практично го реши победникот на натпреварот.
 
Серијата ја отвори Луис Суарез, по центаршут на Самедо тој со ножички реализираше за водство од 1-0. Пет минути подоцна Видал постигна гол за водство на Барса од 2-0.
 
Во 35. минута Дембеле мајсторски исфрли еден фудбалер на Севиља и ја смести топката во нивната мрежа за убедлива предност од 3-0.
 
Победата ја завери Меси во 78. минута со убав гол од слободен удар.
 
До крајот на мечот Барселона остана со двајца играчи помалку. Араухо во 87. минута доби црвен карток откако стартуваше како последен играч во одбраната, Дембеле нешто што не треба му кажа на судијата па и тој доби црвен.
 
Ова беше четврта победа во низа на Барселона, трета во Примера со која полека но сигурно излегуваат од кризата.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе