ЦР7 ќе одмара овој викенд

Кристијано Роналдо нема да игра против Аталанта, Сари вели: Едноставно некои играчи треба да оладат

Кристијано Роналдо речиси сигурно ќе го прескокне дуелот со Аталанта во сабота, Маурицио Сари вели дека ЦР7 и понатаму се мачи со ситна повреда и затоа ќе одмара овој викенд.

Португалецот креираше сцени на дуелот со Милан откако беше заменет на стартот на вториот дел. Тој нервозно се упати прави во соблекувална и го напушти стадионот пред последниот свиреж на судијата.

Маурицио Сари се правдаше дека морал да го повлече Кристијано Роналдо бидејќи играчот се мачел со ситна повреда. Но само неколку дена подоцна ЦР7 без проблем настапи за Португалија против Литванија, а потоа го одигра и мечот против Луксембург.

Но тој сега нема да биде во комбинација за пресметката со Аталанта во Серија А, Маурицио Сари на денешната прес конференција истакна дека практично и да нема шанси за Кристијано Роналдо да патува во Бергамо.

„Нема потреба за никакво појаснување, уште од 90-тите години, дури и помеѓу аматерите, исти се реакциите кога некој ќе биде повлечен од игра. Едноставно некои играчи треба да оладат. Проблем е тоа што во вторникот, самиот тој не извести дека се чувствувал малку подобро на првиот натпревар со Португалија, но на вториот имал ситни проблеми. Целта е да се опорави целосно, бидејќи ова му создава и психолошки проблеми. 99% сум сигурен дека нема да игра утре, целта е да се врати за дуелот со Атлетико во Лигата на шампионите“ - вели тренерот на Јувентус.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе