По лудилото кое го предизвика ЦР7 помеѓу навивачите на Јувентус

Кристијано Роналдо и митот „од продажба на дресови ќе го исплатат трансферот“

Мега трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус одново го врати митот „од продажба на дресови ќе го исплатат трансферот", иако ова не е точно останува да се види како ќе помине ЦР7.

„Старата Дама“ оваа недела го комплетираше најголемиот трансфер во историјата на Калчото, го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за 100 милиони евра плус уште додатни 12 милиони евра во солидарни исплати.

Рекордната зделка предизвика лудило кај фановите, сите побрзаа да купат дрес од ЦР7 поради што онлајн продавницата на Јувентус за кратко време падна и беше недостапна, а експресно се потрошија и залихите на букви со презимето на Роналдо и бројот 7 во продавницата во Торино. Во текот на вчерашниот ден се претпоставува дека само во продавницата во Милано се продавал дрес од Кристијано Роналдо на секоја минута.

Ваквиот развој на настаните веднаш ги врати теориите дека Јувентус само од продажба на дресови ќе го исплати трансферот на Португалецот. Храбрите прогнозери очекуваат да се продадат милион дресови од Кристијано Роналдо и со огледна на тоа дека нивната цена се движи од 85 до 145 евра, простата математика вели дека тоа ќе донесе приход од 85 до 145 милиони евра.

Но реалноста е сосема друга, клубовите од овие приходи добиваат 10 до 15 проценти а најголемиот колач му припаѓа на производителот на дресови во случајов Адидас. Исто така, ако продажбата на дресови ќе го исплати трансферот на Роналдо, зошто Јуве веќе крои планови да продава играчи и бара спонзори кои ќе покријат дел од платата?

Се говори дека Гонзало Игуаин и Даниеле Ругани би можеле да бидат продадени на Челси токму за 100 милиони евра, колку што Јувентус треба да му плати на Реал Мадрид за Кристијано Роналдо.

Семејството Ањели преку своите компании, ФИАТ и Ферари ќе потпишат спонзорски договор за да превземат дел од товорат бидејќи Кристијано Роналдо со 30 милиони евра има четири пати поголема плата од играчот кој во моментов има најголеми примања во Јувентус (Гонзало Игуаин). Ваквите вести пак ги разбеснија вработените во ФИАТ кои веќе најавија дводневен штрајк.

Несомнено, Кристијано Роналдо е огромен бренд и Јувентус ќе има голема полза од него надвор од теренот, колкава ќе биде таа доправа ќе се види. Првите резулати ќе пристигнат во февруари кога Јувентус ќе го соопшти шестмесечниот финансиски извештај за сезоната 2018/19.

По завршувањето на сезоната „Старата Дама“ најави дека ќе ги зголеми цените на билетите за 30%. Фановите беа бесни на ваквиот потег, но брзо заборавија откако пристигна веста за трансферот на Кристијано Роналдо. Според извештајот за првата половина од сезоната 2017/18, Јувентус имал приходи од продажба на билети од нешто над 30 милиони евра, па за очекување е оваа бројка да порасне до 40 милиони евра за првата половина од сезоната 2018/19. Останува да се види какво ќе биде влијанието врз другите ставки.

Во првиот дел од сезоната 2017/18, Јувентус остварил приходи од речиси 110 милиони евра од ТВ права, 43.3 милиони евра од спонзорски договори и реклами, 14.6 милиони евра од продажба на производи и 16 милиони евра од други приходи. Ако се земат предвид и продажбата на играчите, вкупните приходи изнесувале 290 милиони евра. Времето ќе покаже какви ќе бидат бројките со Кристијано Роналдо во Торино.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе