Статистиката вели

Кристијано Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари во Серија А

Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол од слободен удар за Јувентус иако 24 пати се обидел да го направи тоа.

Роналдо има постигнувано спектакуларни голови од слободен удар за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Португалија, но се уште не за Јувентус.
 
„АС“ извади статистика која вели дека Роналдо шутирал 24 пати од слободен удар за Јувентус од нив 15 обиди завршиле во живиот ѕид, а не постигнал ниту еден гол.
 
Откако се мери статистиката Роналдо е најлош изведувач на слободни удари во Серија А, претходно бил Камило Киано од Фросиноне кој имал 21 неуспешен обид.
 
Јувентус има многу поуспешни изведувачи на слободни удари од Роналдо, па можеби е време на Португалецот да му биде одземена улогата на изведувач на прекините.
 
Пример, Пауло Дибала има дадено девет гола од слободен удар за Јувентус, Миралем Пјаниќ седум.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе