Одбиена и втората понуда

Кристал Палас го понижи Манчестер јунајтед во преговорите за Ван Бисака, нереална била клаузулата за триумф во ЛШ

Кристал Палас смета дека Манчестер јунајтед не е кадарен да ја покори Европа па ја одбил понудата за Арон Ван Бисака поради бонус кој требал да биде исплатен во случај на триумф во Лигата на шампионите.

Оле Гунар Солскјер го идентификуваше 21 годишниот Англичанец како идеално засилување за десната бековска позиција, но Кристал Палас не се откажува лесно од Арон Ван Бисака и за неговите услуги бара помеѓу 50 и 60 милиони фунти.

„Орлите“ веќе одбија две понуди на „ѓаволите“, а последниот предлог бил отфрлен поради една нереална клаузула.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, Манчестер јунајтед понудил 35 милиони фунти, плус 15 милиони фунти во најразлични бонуси поврзани со личните и колективни успеси. Една од додатните исплати била поврзана со триумф во Лигата на шампионите.

Клубот од Селхрст Парк сепак смета дека „ѓаволите“ не се кадарни да ја покорат Европа, а со тоа тие нема да стигнат до бараната сума, па го одбиле предлогот.

Сепак, преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, се верува дека ќе биде пронајден заеднички јазик до крајот на неделата и Арон Ван Бисака ќе стане второ засилување за Оле Гунар Солскјер.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе