„Супер е Вардар, но од нешто мора да се живее“

Криштопанс: Благодарам Вардар, не може секој да се пофали со трофеј од ЛШ

Летонскиот џин, Криштопанс од денеска е ракометар на германскиот Фуксе Берлин, тој не пропушти да му се заблагодари на Вардар за убавиот период. 

Криштопанс му е благодарен на Вардар за трофејот од Лигата на шампионите, но вели дека мора од нешто да се живее. Јасно е дека финансиската ситуација во клубот е причината поради која тој неочекувано замина од Скопје.
 
„Му благодарам на Вардар и на сите луѓе во клубот за спектакуларното време што го минавме заедно и за многуте освоени титули. Не може секој да се пофали со трофеј од Лигата на шампионите, но едноставно мора од нешто да се живее. Доаѓам во еден од најдобрите клубови во Германија, чиј дрес со гордост ќе го носам. Верувам дека во Фуксе Берлин ќе продолжам да се развивам како ракометар“, изјави Криштопанс.
 
Тој во Фуксе Берлин ќе игра само до крајот на сезоната бидејќи од следната треба да се пресели во ПСЖ со кој од поодамна има потпишано договор.
 
Криштопанс ќе му биде соиграч на Дејан Милосављев кој веднаш му посака добредојде на џинот.
 
 
 
 
View this post on Instagram

Welcome to Berlin friend @fuechse_berlin @liquimoly_hbl

A post shared by Dejan Milosavljev (@dejanmilosavljev) onFeb 12, 2020 at 4:23am PST

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе