Ретко тренирал а бил најдобар

Крауч: Просинечки не пушеше цигари само кога беше на терен

Питер Крауч раскажува анегдота за Роберт Просинечки во времето кога заедно играле за Портсмут. 

Англискиот напаѓач вели дека Роберт Просинечки пушел цигари, не тренирал многу, но тоа не му пречело да биде најдобар на теренот.
 
„Роберт Просинечки не се грижеше многу за физичката форма. Тој беше бунтовник, не пушеше цигари само кога беше на теренот. За време на неделата малку го гледавме на тренинг, но Боже, беше неверојатен“, вели Крауч
 
„Неговиот дриблинг со кој правеше лажен шут ги излудуваше противниците. Тие знаеа што ќе направи, но беше незапирлив. Беше маестраелн и тука во Портсмут и во Црвена звезда и во Реал Мадрид. Беше задоволство да се игра со него“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе