Лига на шампиони

Кралот не падна во Минхен, Реал Мадрид направи голем чекор кон финалето (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Баерн Минхен и направи крупен чекор кон финалето од Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион со голем резултат се враќа од Минхен, Баварците не ја искористија предноста на домашен терен, загубија пред своите навивачи, па во Мадрид ќе се обидат да го надополнат промашеното.
 
Домаќините имаат проблем и со повредени играчи, уште во осмата минута од игра излезе Робен, а во 34. теренот од исти причини го напушти и Боатенг.
 
Резултатот беше отворен во 28. минута кога Кимих од странична ситуација го совлада Навас кој направи погрешна проценка, мислеше дека бекот на Баерн ќе нафрли, но тој ја смести топката во неговата мрежа.
 
Реал Мадрид го изедначи резултатот пред самиот крај на првото полувреме, една топка дојде до Марсело а тој со убав шут од далечина погоди за 1-1.
 
Во 57. минута нововлезениот Асенсио беше проигран од Лукас, влезе во убава позиција и не погреши, погоди за водство од 2-1 кое се покажа како конечен резултат.
 
Реал Мадрид има победа од Минхен, но поучени од тоа што им се случуваше против Јувентус со многу поголема претпазливост ќе влезат во дуелот на Бернабеу. Играта на Јувентус во Мадрид може да послужи како мотив за Баварците дека и покрај поразот се уште имаат шанси.
 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе