ЕВРО 2020

Крај за Холандија, Чешка е во четврт-финалето (ВИДЕО)

Чешка со 2-0 ја победи Холандија и се пласираше меѓу осумте најдобри на Европското првенство, а победникот го реши еден пресуден момент. 

Холандија го заврши настапот на Европското првенство и покрај перфектниот настап во групната фаза, Чешка денеска подобро се снајде и заслужено оди понатаму.
 
Клучниот момент се случи во 52. минута кога Мален излезе сам пред голманот Томаш Валчик, сакаше да го помине и него, но не успеа. По оваа ситуација Чешка изведе брз напад, Де Лихт играше намерно со рака како последен играч и доби црвен картон. Холандија можеше да поведе, но остана со играч помалку.
 
Таквата состојба на теренот ја искористи Чешка, во 61. минута преку Холеш постигна гол со глава за водство од 1-0.
 
Во 80. минута Патрик Шик реализираше за конечни 2-0.
 
Чешка во четврт-финалето ќе игра против Данска.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе