ЕВРО 2020

Крај со пораз од Холандија, Пандев го одигра последниот натпревар за Македонија (ВИДЕО)

Македонската репрезентација со убедливи 3-0 го загуби натпреварот против Холандија, но не разочара, Горан Пандев го одигра последниот меч во дресот на Македонија. 

Со пораз од Холандија, Македонија го заврши настапот на Европското првенство. Се обидовме да му парираме на големиот противник и во значаен дел од мечот тоа го правевме одлично, малку фалеше резултатот и случувањата на теренот да бидат сосема поинакви, но на крајот моравме да му подадеме рака на противникот.
 
Горан Пандев го одигра последниот натпревар, нашиот капитен ја доби почитта од сите на стадионот, и од Холанѓаните кои му подарија специјален дрес, и од соиграчите кои го испратија со шпалир кога беше заменет. 
 
Тргнавме одлично, игравме рамноправно против силниот противник, во 10. минута постигнавме гол преку Тричковски, но нашиот напаѓач неколку сантиметри беше во офсајд, ВАР го поништи голот.
 
Десетина минути подоцна Александар Трајковски со прекрасен удар од далечина ја погоди стативата, и овој пат сантиметри недостасуваа да постигнеме гол.
 
Во 24. минута Пандев беше фаулиран пред шеснаесетникот на Холандија, но судијата не досуди ништо, домаќините развија одлична контра која ја реализираше Депај за водство од 1-0. Сомнителниот момент се прегледуваше и со ВАР, но судијата не ја промени одлуката.
 
Холандија брзо можеше да дојде и до ново водство, но Димитриевски спречи удар рна Думфрис од идеална позиција.
 
По само шест минути игра во второто полувреме Мемфис Депај со својот втор погодок го зболеми водството на Холандија на 2-0.
 
Сите дилеми околу победникот ги реши Вајналдум кој беше на вистинското место во 58. минута и ја смести топката во мрежата на Димитриевски за 3-0.
 
Холанѓаните имаа шанси и за повеќе голови, еднаш Тричковски ја извади топката од гол линијата, а ја погодија и пречката.
 
Во 69. минута Горан Пандев беше изваден од игра, неговите соиграчи направија шпалир кога излегуваше нашиот капитен од игра. Аплаудираше целиот стадион, и неговиот соиграч од Интер, Весли Снајдер го испрати со стоечки овации.
 
Веднаш потоа повторно постигнавме гол кој не важи, Дарко Чурлинов погоди, но и тој беше во офсајд, па погодокот беше поништен.
 
Загубивме, но не разочаравме, резултатот не е слика на играта. Можеме да бидеме горди на настапот на нашата репрезентација и на денешниот натпревар и во текот на целото Европско првенство.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе