Повредата е посериозна од првичните прогнози

Крај на сезоната за Ибрахимовиќ, напаѓачот е неизвесен и за почетокот на ЕВРО 2020

Медиумите од Италија пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти последните три натпревари од сезоната на Милан, напаѓачот е неизвесен и за првиот натпревар на Шведска на ЕВРО 2020.

Златан Ибрахимовиќ заработи повреда на коленото против Јувентус, Стефано Пиоли пренесе дека напаѓачот нема да биде во комбинација за дуелите со Торино и Каљари но изрази надеж дека ќе се врати за последниот меч од сезоната и пресметката со Аталанта.

Сепак, според пишувањата на Газета дело Спорт, повредата е посериозна од она што се мислело во прв момент и Златан Ибрахимовиќ нема да игра ниту против „нероаѕурите“ од Бергамо.

Весникот пренесува дека напаѓачот би можел да паузира и до четири недели, ваква прогноза значи дека тој ќе го пропушти стартот на ЕВРО 2020 и дуелот на Шведска со Шпанија на 14. јуни, но би требало да биде фит за дуелите со Полска и Словачка.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе