Непријатна ситуација за ѕвездата на Арсенал

Крадци го нападнаа Озил, Колашинац го спаси! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил беше жртва на крадци на улиците во Лондон, тие сакале да му го украдат автомобилот, но Колашинац без грам страв изреагирал и го спасил соиграчот.

Крадците со ножеви во рацете се обиделе да му го украдат возилото на Озил, Мерцедес Г класа 4х4.
 
Но босанскиот фудбалер, Сеад Колашинац храбро излегол, им се пуштил на крадците и го одбранил Озил.
 
„Озил изгледаше апсолутно уплашено, како и секој што би бил бркан од луѓе со ножеви. Изгледаше како да се бори за животот“, изјави келнер од ресторанот.
 
Случајот веднаш бил пријавен во полиција која дошла на самото место. Крадците со кацигите на глава брзо побегнале по дуелот кој го имале со Колашинац.
 
Ниту еден од двајцата фудбалери не е повреден, а Сеад Колашинац е херојот на денот.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе