Побарано е одложување на градското дерби

Ковид-19 направи пустош во тимот на Столе, Рајо не може да собере 11 фудбалери за дуелот со Атлетико

Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски пријави нови случаи на ковид-19 и побара одложување на градското дерби со Атлетико Мадрид, на денешниот тренинг се појавиле само 8 играчи.

Клубовите од Шпанија почнаа да пријавуваат зголемен број на позитивни по божиќните празници а најсериозна е ситуацијата во Рајо Ваљекано, каде дури 17 лица се заразени со ковид-19.

Медиумите пренесуваат дека тимот на нашиот Столе Димитриевски побарал одложување на градското дерби со Атлетико Мадрид закажано на 2. јануари.

Рајо ќе има мака да собере 11 фудбалери, на денешниот тренинг се појавиле само осум играчи.

Столе Димитриевски не бил дел од тренингот, но нејасно е дали Македонецот е заразен со ковид-19 или е изолиран поради контакт со позитивен.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе