Реал Мадрид

Ковид-19 го спречи Бензема да се врати во Мадрид, Французинот доби позитивен тест

Карим Бензема ќе одмори уште малку пред да се приклучи на подготовките на Реал Мадрид, францускиот напаѓач е позитивен на ковид-19. 

Бензема требаше од одмор да пристигне во Мадрид и да се приклучи на подготовките на Реал, но неговиот тест за ковид-19 пред тргнувањето од Лион бил позитивен.
 
Францускиот напаѓач ќе треба да помине десет дена во изолација пред да може да тргне за Мадрид.
 
„Реал Мадрид потврдува дека нашиот фудбалер Карин Бензема е тестиран позитивно на ковид-19“ стои во клупското соопштение.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе