Коронавирусот придонесе за прв пат оваа сезона да биде одложен натпревар во Премиерлигата, вечерва беше потврдено дека Астон Вила нема да го пречека Њукасл во петок.
Гостите регистрирале голем број на позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, некои извори велат дека бројката е двоцифрена, БиБиСи пишува дека станува збор за најмалку пет играчи и двајца членови на персоналот.
Па од таборот на Њукасл побарале одложување на натпреварот а Премиерлигата им одговорила позитивно.
Астон Вила не се противи и порача: „Им посакуваме брзо опоравување на оние кои се заразени со вирусот“.