Прв одолжен натпревар во Премиерлигата оваа сезона

Ковид-19 го десеткуваше Њукасл, нема да играат против Астон Вила во петок

Премиерлигата го одложи натпреварот помеѓу Астон Вила и Њукасл откако гостите регистрирала голем број на позитивни случаи на ковид-19 во своите редови.

Коронавирусот придонесе за прв пат оваа сезона да биде одложен натпревар во Премиерлигата, вечерва беше потврдено дека Астон Вила нема да го пречека Њукасл во петок.

Гостите регистрирале голем број на позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, некои извори велат дека бројката е двоцифрена, БиБиСи пишува дека станува збор за најмалку пет играчи и двајца членови на персоналот.

Па од таборот на Њукасл побарале одложување на натпреварот а Премиерлигата им одговорила позитивно.

Астон Вила не се противи и порача: „Им посакуваме брзо опоравување на оние кои се заразени со вирусот“.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе