Куп на Германија

Ковач го бркаа од Баерн, а Хрватот на „Баварците“ им ја донесе двојната титула и испиша историја! (ВИДЕО)

Баерн Минхен стигна до двојната титула во Германија, откако минатиот викенд ја освоија Бундеслигата. Вечерва „Баварците" триумфираа со 3-0 над РБ Лајпциг во финалето од купот.

Нико Ковач имаше турбулентна сезона на „Алианц“, дури се говореше и дека ќе добие отказ, но Хрватот на крајот на Баерн му ја донесе двојната титула. Откако минатиот викенд ја освоија Бундеслигата, вечерва „Баварците“ стигнаа и до трофејот од Купот на Германија.

Со двата гола на Левандовски и погодокот на Коман, Баерн лесно со 3-0 го совлада РБ Лајпциг во финалето во Берлин.

Ваквиот успех значеше испишување нова историја: Нико Ковач стана првиот што стигна до двојната титула во Германија и како играч (2003) и како тренер (2019).

Хрватот исто така стана првиот тренер што две години по ред триумфира во финалето во Берлин со два различни клуба.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе