Македонија на Европско првенство

Костадинов: Овој натпревар со Австрија ќе биде друга приказна

Тихомир Костадинов вели дека поразите од Австрија се минато кое е заборавено, во недела тоа ќе биде сосема друг меч. 

Костадинов е задоволен од подготовките кои македонските фудбалери ги одработија во Скопје, верува во добар настап на Европското првенство.
 
„Пријателските натпревари беа добра увертира за Европското првенство. Победата над Казахстан има позитивно влијание врз нашата самодоверба. Одработивме одлични подготовките засега“, вели Костадинов.
 
„Двата порази од Австрија во квалификациите се минато, не е оптеретуваме со претходниите натпревари. Ова е нов меч, а од тие треба само да извлечеме поуки, да дадеме се од себе и да победиме“.
 
„Жал ми е што нема да бидат полни трибините. Јас дебитирав во поразот од Австрија во Виена пред 50.000 публика. Криво ми е што сега нема да биде полн стадионот, но знам дека нашите навивиачи кои ќе дојдат ќе бидат најгласни и ќе ни дадат голема поддршка“.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе