Квалификации за СП 2022

Косово се жали за однесувањето на српските фудбалери

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) ќе се жали до УЕФА за начинот на кој српските фудбалери ја прославуваа големата победа над Португалија во Лисабон. 

Косовската фудбалска федерација преку соопштение најави дека ќе се жали до УЕФА за однесувањето на српските фудбалери.
 
„ФФК ќе поднесе жалба до УЕФА во врска со постапките на српските фудбалери кои по мечот со Португалија носеа маици со иредентистички и националистички натписи“, се вели во соопштението.
 
Според косовските медиуми во пријавата ќе се потенцираат истакнувањето на националистичките симболи на маиците, песните кои се пееле и покажувањето три прста.
 
Проблематична за нив била песната „Весели се српски роде“, а за маиците имаат забелешка дека на нив се наоѓа територијата на Србија заедно со Косово во неа.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе