Квалификации за ЕП 2020

Косово не знае за пораз во квалификациите, ја победи и Чешка (ВИДЕО)

Косово со 2-1 ја победи Чешка и освои три големи бода во борбата за пласман на Европското првенство. 

Помина и четвртото коло од квалификациите а Косово се уште не знае за пораз, денеска ја победи и Чешка, има осум бодови и се наоѓа во одлична позиција за освојување на второто место во групата каде што Англија би требала без проблеми да финишира како прва.
 
Чешка поведе на мечот во Приштина со гол на Шик во 16. минута, но само четири минути подоцна Мурики го изедначи резултатот на 1-1. Во 67. минута Војвода реализираше за комплетен пресврт и победа за Косово од 2-1.
 
Ако Косово ја продолжи оваа форма и успее да се пласира на Европското првенство преку квалификациите, тогаш нема да игра против Македонија во полуфиналето од Лигата на нации. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе