Премиерлига

Кошмарен меч за Алисон, му подари победа на Манчестер Сити на Енфилд (ВИДЕО)

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер го имаше најлошиот настап во дресот на англискиот тим и му помогна на Манчестер Сити да дојде до 14. победа по ред во сите натпреварувања. 

Манчестер Сити со 4-1 победи на гостувањето кај Ливерпул и ја продолжи неверојатната серија, сега веќе има 14 добиени мечеви по ред во сите натпреварувања.
 
Меч за заборав имаше голманот Алисон Бекер кој буквално му подари два гола на Сити, а има вина и за последниот погодок.
 
Првото полувреме беше мирно, со исклучок еден момент кога Манчестер Сити доби пенал, но Гундоган биеше високо над голот.
 
Сепак по само четири минути игра во второто полувреме Гундоган постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
 
Ливерпул успеа да се врати, во 63. минута тие добија пенал, а Салах не погреши од белата точка, погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 71. минута ВАР му поништи гол на Стоунс поради офајс, но после тоа се случија две неверојатни грешки на Алисон.
 
Голманот на Ливерпул најпрво во 73. минута им ја подари топката на фудбалерите на Сити со лошо додавање, Гундоган постигна гол за враќање на водството, сега од 2-1.
 
Три минути подоцна реприза на киксот, Алисон повторно додава до играчите на Сити, а овој пат Стерлинг реализира за 3-1.
 
Конечните 4-1 ги постав Фоден на седум минути пред крајот, младиот играч на Сити биеше силно, од косо, Алисон ја допре топката, но не успеа да одбрани.
 
По ова коло Манчестер Сити дополнително се одпели од конкурентите и сигурно атакува на титулата. Има меч помалку од другите, но води со пет бода повеќе од Манчестер јунајтед, седум од Лестер, десет од Ливерпул.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе