Следните две кола во Шпанија ќе се играат без публика

Коронавирусот ги затвори вратите и на натпреварите во Примера

Следните две кола во шпанската Примера ќе се играат зад затворени врати, а дали ваквата мерка ќе биде продолжена ќе зависи од ситуацијата со коронавирусот. 

Донесена е одлука 28. и 29. коло од Примера да се играат без публика поради коронавирусот.
 
Ова е одлука на шпанската влада која ќе биде потврдена по состанокот на министрите во текот на денот.
 
Реал Мадрид е попогоден од ваквата одлука, кралскиот клуб и двата натпревари ги игра на домашен терен. Прво го пречекува Еибар, а потоа Валенсија.
 
Барселона во следното коло гостува кај Мајорка, па го пречекува Леганес.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе