Весникот негира расизам

„Кориере дело Спорт“ се огласи: Ова е невин наслов претворен во отров од оние кои во себе имаат отров

Главниот уредник на „Кориере дело Спорт“ испрати писмо откако денешната насловна страна на весникот предизвика бурни реакции во јавноста и обвинувања за расизам. 

Низ стадионите во Италија често можат да се слушнат расистички навреди, а се чини поголем проблем е тоа како луѓето гледаат на расизмот и што всушност сметаат деке е расистичко однесување. Весникот „Кориере дело Спорт“ денеска крена голема прашина откако на својата насловна страна ги стави Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и со големи букви напиша „Блек фрајдеј“.
 
Сторијата, која требаше да биде најава за утрешното дерби помеѓу Интер и Рома, предизвика бурни реакции кај спортската јавност и многу критики на адреса на „Кориере дело Спорт“.
 
Па главниот уредник на весникот, Иван Ѕацарони беше приморан да се огласи. Тој сепак не изрази жалење, вели дека се работи за невин наслов кој бил претворен во отров од оние кои во себе имаат отров.
 
„Дигитални платформи? Јас би рекол канти за ѓубре, полни со омраза и гнев. Една убава мислам на ден и доктор не ви е потребен. Армија на десно ориентирани луѓе го преплауваат интернетот во денешно време, за да ги покажат своите убави бели души. Го идентификувавте ресистот, ајде, кликнете неколку на тастатурата и повеќе ќе ја нема дамката. Мислите дека сте подобар човек во подобар свет. Бел, црн, жолт. Тоа што ја негирате разликата е типична макроскопска грешка на разисмот во анти-расизмот. „Блек фрајдеј“, за оние кои сакаа и можат да разберат, беше и е само славење на разликата, гордост на различноста. Доколку не го разбирате, тоа е така бидејќи не можете да го разберете. Еден невин наслов, кој убаво беше објаснет од Роберто Пероне, е претворен во отров од оние кои во себе имаат отров“.
 
Во текстот всушност има само пофални зборови за Ромелу Лукаку и Крис Смолинг, кои заедно играа во Манчестер јунајтед и си ја вратија кариерата на прав пат во Серија А. Исто така, во текстот се нагласува дека расизмот е сериозен проблем во Италија и има повик утре од трибините да се слушаат само воздишки а не расистички навреди.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе