Лига на шампиони

Конте не верува дека мечот меѓу Реал и Менхенгладбах може да биде наместен

Победа на Интер против Шахтар ќе биде залудна ако Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах одиграат нерешено, Антонио Конте не верува во местено сценарио. 

Интер се врати од мртвите и во последното коло од Лигата на шампионите има реална шанса да помине во следната фаза.
 
Тие мора да го победат Шахтар на свој терен, а треба да има победник и на дуелот меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.
 
Некои се сомневаат во местено сценарио на овој дуел, но Реал Мадрид не би ризикувал, бидејќи ако Шахтар не загуби од Интер, кралскиот клуб со реми ќе испадне.
 
Ниту Антонио Конте не верува во местенка меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах.
 
„Ние треба да мислиме на победа против многу добар тим. Пред една недела бевме мртви, сега имаме надеж и мора да мислиме на победа. Останатото не ме загрижува, ова е Лига на шампиони, зборуваме за големи клубови. Се надевам дека никој не зборува за вакви шпекулации, таквите озборувања се депресивнии. И Реал Мадрид и Борусија ќе играат на победа“, смета Конте.
 
Антонио Конте потврди и дека Артуро Видал нема да игра против повреда, се уште не е опоравен за да се врати во игра. 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе